Партнерска листа за проверка
ЗАПОЗНАВАЊЕ
1. Претплатете се на новостите на компанијата и придружете се на четовите на месинџерите за да комуницирате со истомисленици и да бидете во средиштето на настаните.
2. Верифицирајте се за да можете законски да поседувате удели.
3. Запознајте се подобро со бек-офисот за да можете полесно да се снаоѓате во разните делови и да ги најдете потребните информации. Кликнете на секој дел: „Паричник“, „Алатки“, „За партнери“, „Новости“, „Настани“, „Промотивни понуди“, „Заедница“, „База на знаење“. Погледнете што содржат тие, истражете ги сите картички. Подоцна ќе знаете каде треба да одите за да ги вршите достапните активности.
4. Внимателно разгледајте го делот „База на знаење“ за да ги најдете одговорите на Вашите прашања.
5. Испланирајте го Вашето учество на вебинарите за да дознаете што е можно повеќе за проектот и исправно да им ги пренесете тие информации на своите клиенти. Присуствувајте секоја седмица на вебинар со нова тема или со нов говорник, избирајќи некој од претстојните настани.
ПОЧЕТНИ АКТИВНОСТИ
6. Одредете си лична цел во согласност со маркетинг планот за да настапите со самодоверба. Сами одлучете кој статус и каква заработка сакате да постигнете.
7. Почнете активно да ги користите промотивните понуди за почетници за да ги добиете првите регистрации на нови учесници.
8. Поставете си една важна цел — регистрации на првото ниво во Вашата структура. Фокусирајте се на оваа задача за да почнете со формирање на своја структура.
9. Направете група или јавна страница на кој и да било информативен медиум за да имате сопствена платформа на која ќе го промовирате проектот. Постирајте ги нашите новости.
10. Проучете го делот „Работна методологија на партнерите“ за да разберете како тече целиот процес на работата која треба да ја вршите и да најдете многу упатства за секој чекор.
СТЕКНУВАЊЕ ИСКУСТВО. МАСТЕР
11. Одржете им презентација на своите пријатели, познајници и на сите други на кои сте им испратиле „Подарок на пријател“ за на тој начин да привлечете инвеститори и партнери во својата структура. Вопоглавјето со наслов „Како да се комуницира со клиенти“ ќе најдете упатства како да подготвите и да изнесете презентација.
12. Изберете ја најдобрата понуда за своите потенцијални инвеститори за да можете едноставно да им објасните какви користи ќе имаат од неа. Остварете ја својата прва продажба и освојте надоместок за препорака.
13. Изберете инвестициски пакет за да ја зголемите својата заработка во иднина и за да напредувате на скалата на кариерата уште сега. Почнете да инвестирате.
14. Учествувајте во промоцијата за партнери. Бидете активни! Ова ќе Ви помогне за кратко време да ја постигнете Вашата цел.
15. Продолжете да се обучувате/да ја користите опцијата „Подарок на пријател“/да одржувате презентации/да остварувате нови продажби. Сите овие работи ќе Ви помогнат да станете покомпетентни, и ќе го зголемат Вашиот статус и приходи.
16. Постигнете го статусот „Мастер“. Ви честитаме, сега имате најмалку три клиенти и заработка. Проширете ја Вашата база на клиенти така што привлечете нови, и ќе ги поддржувате постоечките инвеститори за да ја зајакнете својата позиција и да ја зголемите својата заработка.
ЗНАЧАЈНИ РЕЗУЛТАТИ. ЕКСПЕРТ
17. Работете на нови регистрации и на нови продажби — зголемете ги своите приходи. Не застанувајте! Продолжете да растете во финансиски поглед и да напредувате на скалата на кариерата за да го реализирате сето она што го нуди маркетинг планот.
18. Работете со клиентите што веќе сте ги привлекле (отплаќање на рати, задоцнети уплати, зголемување на пакети, секундарни продажби, промоции и лотарии) — зголемете ги просечните продажби. Во делот „Обука“, ќе најдете многу совети и лајфхакови од водечките партнери во разни земји кои ќе Ви помогнат поефикасно да си ја вршите работата.
19. Формирајте го својот тим од партнери на првото ниво од Вашата структура. Запамтете: секогаш можете да направите многу повеќе со тим отколку сами! Тимот значително ќе го забрза и ќе го зголеми Вашиот успех и Вашите приходи.
20. Обучете тројца во првото ниво од Вашата структура и помогнете им да станат „Мастери“ за да го проширите својот бизнис, да работите помалку и да заработувате повеќе. Размислувајте стратешки — изградете бизнис со кој ќе може да се издржувате и да го подобрите светот во идните децении.
21. Стекнете статус „Експерт“ за да бидете еден од водечките лица во Вашиот регион. Тоа ќе ја прошири Вашата сфера на влијание и ќе Ви овозможи директно да комуницирате со раководителите на SOLARGROUP на редовна основа. И, се разбира, додатно ќе ги зголеми Вашите постојани приходи.
УСПЕХ!
22. Проширете го својот партнерски тим по број и подобрете го неговиот квалитет. Обучувајте ги, поддржувајте ги и мотивирајте ги Вашите партнери да напредуваат: Вашата цел е што повеќе „Мастери“ и „Експерти“ во тимот. Тоа ќе Ве води до успех и до постојан пасивен приход од длабочината на Вашата структура!
23. Пополнете го формуларот „Приказна за успехот“и испратете ни го. Ќе ја објавиме приказната за Вас и за Вашето искуство. Можете да го користите тој материјал во своите презентации и вебинари. Вашата приказна ќе стане дел од Книгата на успеси на SOLARGROUP.
24. Постигнете статус „Професионалец“ така што ќе создадете и ќе обучите тројца „Експерти“ во првото ниво на Вашата структура. Продолжете да работите со клиентите и со тимот. Зголемете ги своите приходи. Стекнете најголемо признание од Вашиот тим и од компанијата.
25. Станете „Претседател“! Така Вашиот приход нема да биде ограничен со ништо. Станете национален партнер! На тој начин ќе имате сопствен регион и ќе станете претставник на компанијата.