Како да извршам верификација во бек-офисот?
УПАТСТВО ЗА ВЕРИФИКАЦИЈА
СОДРЖИНА
- Подготовка за верификација
- Пополнување на формуларот за верификација
- Повторна верификација
- Ако ви е потребна помош
ПОДГОТОВКА ЗА ВЕРИФИКАЦИЈА
Пред да преминете на верификција, комплетирајте ја постапката за регистрација доколку претходно не сте го сториле тоа. За да го направите ова, потврдете ја Вашата имејл адреса, а потоа и Вашиот телефонски број на Вашиот профил во бек-офисот на SOLARGROUP.
1. ПОТВРДА НА ИМЕЈЛ АДРЕСАТА
Во делот „Лични податоци“ на Вашиот профил, кликнете на „Потврди“ под Вашата имејл адреса.
Одете на поштенското сандаче во Вашиот профил во бек-офисот. Отворете ја пораката од SOLARGROUP и потврдете го Вашиот имејл така што ќе кликнете на „Активирај го Вашиот профил“.
2. КОМПЛЕТИРАЊЕ НА РЕГИСТРАЦИЈАТА
Откако Вашиот имејл ќе биде потврден, комплетирајте ја регистрацијата така што ќе кликнете на „Заврши“ во соодветниот дел на Вашиот профил доколку веќе не сте го направиле тоа.
Внесете ги сите потребни лични податоци во формуларот што ќе се отвори, и кликнете на копчето „Зачувај“.
3. ПОТВРДА НА ТЕЛЕФОНСКИОТ БРОЈ
Има два начина за пристап до формуларот за потврда на телефонскиот број:
Прв начин. Кликнете на „Почеток“ во делот „Верификација“. Кликнете „Потврди“ во прозорчето со известување кое ќе се појави.
Втор начин. Во делот „Лични податоци“, кликнете „Потврди“ во полето „Телефонски број“.
Во формуларот што ќе се отвори, внесете го Вашиот телефонски број, изберете од дадените опции на кој начин ќе го потврдите телефонскиот број (Повик, Telegram, SMS) и следете ги упатствата. Потоа кликнете на копчето „Потврди“.
Откако ќе ја завршите постапката на регистрација и потврда на податоците, прејдете на постапката на верификација на корисникот.
ПОПОЛНУВАЊЕ НА ФОРМУЛАРОТ ЗА ВЕРИФИКАЦИЈА
Во формуларот за верификација, треба да пополните еден по еден неколку делови со податоци. Потоа испратете го формуларот за да го проверат стручњаци за верификација.
Важно! Во текот на верификацијата, внесувајте само точни податоци и приложете важечки документи. Во спротивно, Вашата верификација ќе биде одбиена.
- Општ редослед за пополнување
- Дел „Државјанство“
- Дел „Вид документ“
- Дел „Лични податоци“
- Дел „Документ за идентификација“
- Дел „Прикачување документи“
- Дел „Адреса на регистрација“
- Дел „Потврда на адреса“
- Дел „Селфи со документ“
- Испраќање податоци за проверка
- Резултати од проверката
ОПШТ РЕДОСЛЕД ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ
За да почнете со верификација, кликнете го копчето „Почеток“ во делот „Верификација“ на страницата на Вашиот профил.
Обратете внимание! Ова упатство може да го отворите преку линкот кој е достапен во почетокот на пополнувањето на формуларот за верификација.
Проучете го за да може верификацијата да пројде брзо и без грешки.
ДЕЛ „ДРЖАВЈАНСТВО“
Во делот што ќе се отвори, означете ги и, ако е потребно, коригирајте ги Вашето државјанство и земја на живеење.
Според инвестицискиот договор, граѓаните од одредени земји не можат да инвестираат во нашиот проект поради ограничувањата во законодавството на тие земји.
Обратете внимание! Списокот со барања за постапката и списокот со документи потребни за верификација зависи од Вашето државјанство и земја на живеење.
Притиснете го копчето „Продолжи“.
ДЕЛ „ВИД ДОКУМЕНТ“
Изберете го од списокот видот на документ за идентификација што сакате да го користите за верификација и притиснете „Продолжи“. Постапката на верификација ќе зависи од избраниот вид на документ.
Обратете внимание! Списокот со видови документи зависи од избраното државјанство и земја на живеење.
ДЕЛ „ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ“
Внесете ги Вашите лични податоци како што се наведени во Вашиот документ за идентификација кој го користите за верификација.
ПОПОЛНУВАЊЕ ПОДАТОЦИ
- Место на раѓање
Ако на Вашиот документ за идентификација е наведено местото на раѓање, внесете го тој податок во соодветното поле на формуларот за верификација.
- Датум на раѓање
Ако на Вашиот документ за идентификација не е наведен Вашиот целосен датум на раѓање, тогаш, за да го потврдите целосниот датум на раѓање, ќе мора да прикачите друг документ кој го потврдува Вашиот идентитет, и кој го содржи или Вашиот целосен датум на раѓање или потполно истиот датум.
Кога датумот на раѓање не е целосен во сите документи, „01“ се користи како ден или месец.
На пример,
01/07/1989 - ако документот го содржи само месецот и годината на раѓање (07/1989)
01/01/1989 - ако е наведена само годината на раѓање (1989).
Важно: Во нашиот проект можат да учествуваат само полнолетни лица.
Откако ќе ги внесете податоците, кликнете „Продолжи“.
ДЕЛ „ДОКУМЕНТ ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА“
Внесете ги податоците од документот кој претходно сте го избрале за да го докажете Вашиот идентитет.
Важно!
Ако на Вашиот документ не е конкретно наведено до кога важи, тоа може да се утврди со закон (на пример, промена на пасошот кога ќе навршите одредена возраст). Во тој случај, сами пресметајте до кога важи документот, и напишете го тој датум во полето „Важи до“.
Означете го документот како траен, во случај да нема рок на важност.
За да одите понатаму, кликнете „Продолжи“.
ДЕЛ „ПРИКАЧУВАЊЕ ДОКУМЕНТИ“
Прикачете слика од двете страници на документот каде што се наоѓаат фотографија од Вашето лице и сите податоци кои претходно сте ги навеле, ако сте избрале пасош како вид на документ. Или слики од двете страни на документот ако сте избрале лична карта.
Внимание! Прегледајте ги барањата за слика пред да направите фотографија.
Барања за слика на Вашиот документ
- Добар квалитет и висока резолуција за да можат сите информации што се проверуваат да бидат јасно видливи.
- Сликите што ќе ги прикачите не смеат да бидат едитирани.
- Сите прикачени слики мора да бидат во боја.
- Мора да бидат направени слики на оригиналниот документ, а не на негова копија.
- Сликата мора да го содржи целиот документ, односно сите рабови на документот мора да бидат видливи.
Направете слика, и зачувајте ја на уредот што го користите за верификација.
Кликнете „Прикачете ја сликата“ или повлечете и спуштете ја сликата на полето за прикачување.
Ако е потребно, мoжете да прикачите и додатни документи. За да го направите ова, кликнете на „Прикачете уште“.
За да прејдете на следниот дел, притиснете на копчето „Продолжи“.
ДЕЛ „АДРЕСА НА РЕГИСТРАЦИЈА“
Внесете ги податоците од адресата на која сте пријавени како што е пропишано во документот и кликнете „Продолжи“.
Ако Вашиот документ не ги содржи податоците кои ги бара системот, внесете "-" (знакот минус) во наведените полиња.
Внимание! Ако наведете адреса на која сте пријавени надвор од земјата на која сте државјанин, ќе мора да потврдите дека имате право на престој на таа територија. Или ќе треба да наведете адреса на која сте пријавени во земјата на која сте државјанин.
Во следниот чекор, ќе треба да прикачите документи кои ја потврдуваат наведената адреса.
ДЕЛ „ПОТВРДА НА АДРЕСАТА“
Прикачете слика од документот кој ја потврдува претходно наведената адреса на Вашата регистрација.
Внимание! Сликите на документите мора да ги исполнуваат сите барања за фотографии.
Ако живеете во земја на која не сте државјанин, тогаш ќе мора дополнително да го потврдите своето право на подолг престој во неа. За да го направите тоа, прикачете додатни документи во соодветното поле подолу.
Ако според документот за идентификација што сте го навеле претходно имате право на престој во таа земја, штиклирајте го квадратчето на дното од овој дел. Тогаш нема да мора да прикачите додатни документи.
Ако е потребно, мoжете да прикачите и додатни документи. За да го направите ова, кликнете на „Прикачете уште“.
За да прејдете на следниот дел, притиснете на копчето „Продолжи“.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ДЕЛОВИ
ДЕЛ „СЕЛФИ СО ДОКУМЕНТ“
Обратете внимание! Системот или верификаторот може да побара од Вас да прикачите селфи (Ваша фотографија) на која се гледа дека го држите во рака документот кој го потврдува Вашиот идентитет.
Исто така, препорачуваме во рака да држите и белешка на која го пишува денешниот датум и натписот „SOLARGROUP“, за да бидеме сигурни дека оваа фотографија е наменета само за нашата компанија.
Направете слика според барањата и прикачете ја на веб-страницата. Потоа кликнете „Продолжи“.
ИСПРАЌАЊЕ НА ПОДАТОЦИТЕ НА ПРОВЕРКА
Откако ќе ги пополните сите делови, внимателно проверете ги информациите што сте ги навеле. Можете да ги погледнете податоците во сите делови или во секој дел поединечно со помош на копчињата [-] / [+] и „стрелката“ на десната страна од секој дел.
Ако е потребно, направете промени. За да го направите тоа, кликнете на копчето „Едитирај“ во соодветниот дел или на иконата со молив во заглавјето на делот.
Откако ќе ги проверите податоците, кликнете на копчето „Испратете на проверка“.
Проверката на Вашите документи може да трае до 3 работни денови, во зависност од бројот на барања и од тоа колку работа имаат стручњаците за верификација, но обично се завршува побрзо.
РЕЗУЛТАТИ ОД РАЗГЛЕДУВАЊЕТО НА БАРАЊЕТО
Откако Вашето барање ќе биде проверено, ќе добиете известување во Вашиот бек-офис (делот за известување: ѕвонче) и на имејл. Подетални информации за резултатите од проверката можете да најдете на вашиот профил, во делот „Верификација“.
✅ Верификацијата е прифатена
По успешната верификација, во Вашиот бек-офис ќе се појави известување. Во делот „Верификација“ во самиот профил ќе има ознака: „Верификацијата е успешно завршена“.
❌Верификацијата е одбиена
Доколку во барањето за верификација се направени грешки или има коментари за доставените податоци/документи, верификацијата ќе биде одбиена, и ќе добиете известување за тоа во вашиот бек-офис.
Кликнете го копчето „Исправи“ во делот „Верификација“ во Вашиот профил за да ги видите сите коментари.
Внимателно прочитајте ги коментарите на верификаторот за да ги отстраните грешките.
Исправете ги податоците во деловите кои се означени со црвена боја во склад со коментарите. Прикачете нови документи ако е потребно. Проверете дали сите наведени податоци одговараат на приложените документи.
Кликнете „Исправи“, внесете ги промените во полето со погрешни податоци и кликнете на копчето „Зачувај“.
На тој начин, исправете ги сите делови со коментари, и испратете барање за повторна проверка.
ИЗВЕСТУВАЊА
Може да ги видите сите системски известувања во посебен дел кој е означен со ѕвонче во горниот дел на бек-офисот.
ПОВТОРНА ВЕРИФИКАЦИЈА
Ако има некаква промена во Вашите лични податоци по верификацијата или ако сте ја смениле Вашата лична карта, ќе мора повторно да поминете низ постапката за верификација и да ги ажурирате своите верификациски податоци.
Важно! Во други случаи не е потребна повторна верификација.
ПОТРЕБНА ПОМОШ
Ако имате какви и да било прашања во текот на постапката на верификација, обратете се на техничката поддршка преку онлајн-чет во бек-офисот или преку имејлот support@solargroup.pro.