Кои се предностите на цепелините од новата генерација во споредба со конкурентните цепелини и другите воздухоплови?
Еден од четирите познати принципи на летање во современото воздухопловство кој има најголема енергетска ефикасност е аеростатскиот лет, кој важи и за цепелините. Не е потребна никаква енергија за создавање на аеростатски, односно Архимедов потисок, а за совладување на фронталниот отпор во текот на летот, потребна е релативно мала потрошувачка на енергија.
Цепелините од новата генерација имаат низа значајни предности во однос на воздухопловите потешки од воздухот (авионите и хеликоптерите):
- висока економска ефикасност,
- еколошка прифатливост (во однос на бучавата и емисии на CO2),
- никакви ограничувања на патеките по кои се движат,
- можност во иднина да летаат само со помош на сончева енергија.
Предности на цепелините
- Долго растојание и времетраење на летот.
- Вертикално полетување и слетување (нема потреба од аеродроми).
- Можност за транспорт од врата до врата на габаритни и тешки товари, истовар-утовар во воздух.
- Природна безбедност на летот.
- Висока еколошка прифатливост благодарение на нискиот степен на човечко влијание врз околината, како и можност за преод кон еколошко прифатлива водородна и сончева енергија.
- Низок сооднос носивост-тежина.
- Мала потрошувачка на материјали и висока ефикасност на масата на конструкцијата.
- Ниски трошоци на користење.
- Ниска специфична потрошувачка на јаглеводородно гориво.
- Ниско ниво на бучава.
- Со потребната инфраструктура за цепелините, човекот ќе има незабележително влијание врз животната средина.
- Можност за слетување без потреба од екипаж на земјата; слетување на мали површини, вклучувајќи покриви на високи згради и хотели во градски центри и технолошки паркови.
- Можност за паркирање со систем на „закотвување“ во стационарна положба при истовар-утовар.
- Можност за слетување на вода.