За проектот „Цепелини од новата генерација“
Проектот „Цепелини од новата генерација“ е проект за развој, производство и комерцијална примена на иновативни цепелини. Проектот се реализира со колективни инвестиции.
Цели на проектот
- Развој на повеќенаменски, транспортни, патнички и туристички цепелини од новата генерација.
- Основање на одржлив бизнис за развој, производство и примена на цепелини.
- Отворање на пазар за транспортни услуги со цепелини.
Главни цели на проектот
- Отворање на проектантско биро и пробно производство на цепелини во просториите на компанијата „АЕРОНОВА“.
- Купување на земјиште за воздухопловен центар и проектирање на неговата инфраструктура.
- Развој и спроведување на тестови за летање на беспилотниот цепелин NOVA-01.
- Развој и изработка на макети со реални димензии на моделите NOVA-2 и NOVA-8.
- Изградба на хангар за моделот NOVA-2.
- Отворање на центар за обука на пилоти и техничари за цепелини.
- Производство и тестирање на стратосферската сонда S-2.
- Изготвување на локални транспортни и логистички решенија за споменатите видови цепелини.
Понатамошен развој на проектот
- Проширување на асортиманот на цепелини и воспоставување на нивно сериско производство.
- Изготвување на глобални транспортни и логистички решенија, и отпочнување со комерцијални дејности за повеќенаменските, транспортните, патничките и туристичките цепелини.
- Учество во глобалниот проток на трговски стоки, проширување на асортиманот на моделите на цепелини и развој на нови пазари.
Во цепелините наменети за патнички и товарен транспорт ќе се користи инертниот гас хелиум. Во беспилотните и во стратосферските цепелини би можел да се користи стабилизиран водород.
Во рамките на проектот ќе бидат продадени 49 милијарди инвестициски удели.
Во реализацијата на проектот „Цепелини од новата генерација“ се вклучени неколку компании, при што секоја се фокусира на своето поле на работа.
„АЕРОНОВА“ е главната компанија, која е основана специјално за реализација на проектот. Таа се занимава со развој на цепелини и со изградба на хангари за цепелините; со сериско производство, примена и продажба на овие воздухоплови; и со обука на пилоти и техничари. Оваа компанија ќе остварува заработка од реализацијата на проектот, која ќе биде распределена меѓу коосновачите. Официјалната веб-страница на компанијата е.
Компанијата SOLARGROUP е IT-платформа која го олеснува инвестирањето, и која е коосновач на „АЕРОНОВА“. Оваа компанија го организира финансирањето на проектот „Цепелини од новата генерација“ преку колективно инвестирање. Во одговорностите на SOLARGROUP спаѓаат: маркетинг поддршка на колективното инвестирање, организирање на инвестициски систем во форма на бек-офис со функција за прифаќање на уплати, и изготвување на правна рамка. Компанијата има развиено современа IT-платформа за привлекување инвестиции на која се регистрирани повеќе од 500.000 од целиот свет. Оваа компанија веќе успешно привлече финансиски средства за проектот на Бирото „Совелмаш“, каде што веќе се дизајнираат современи електромотори, а инвеститорите се подготвуваат за исплата на своите први дивиденди. Официјалната веб-страница на компанијата е.
Минималниот износ што може да се инвестира во проектот е 50 $. Толку изнесува месечната уплата при купување на инвестициски пакет од 500 $ кој се отплаќа на 10 месечни рати.
Се планира проектот да се реализира во рок од 3 до 5 години.
Сега за сега не се планирани пакети од 100 и од 250 $. Може да се купи пакет на рати во вредност од 500 $ за да се отплаќа на 10 месечни рати од по 50 $.
Еден од четирите познати принципи на летање во современото воздухопловство кој има најголема енергетска ефикасност е аеростатскиот лет, кој важи и за цепелините. Не е потребна никаква енергија за создавање на аеростатски, односно Архимедов потисок, а за совладување на фронталниот отпор во текот на летот, потребна е релативно мала потрошувачка на енергија.
Цепелините од новата генерација имаат низа значајни предности во однос на воздухопловите потешки од воздухот (авионите и хеликоптерите):
- висока економска ефикасност,
- еколошка прифатливост (во однос на бучавата и емисии на CO2),
- никакви ограничувања на патеките по кои се движат,
- можност во иднина да летаат само со помош на сончева енергија.
Предности на цепелините
- Долго растојание и времетраење на летот.
- Вертикално полетување и слетување (нема потреба од аеродроми).
- Можност за транспорт од врата до врата на габаритни и тешки товари, истовар-утовар во воздух.
- Природна безбедност на летот.
- Висока еколошка прифатливост благодарение на нискиот степен на човечко влијание врз околината, како и можност за преод кон еколошко прифатлива водородна и сончева енергија.
- Низок сооднос носивост-тежина.
- Мала потрошувачка на материјали и висока ефикасност на масата на конструкцијата.
- Ниски трошоци на користење.
- Ниска специфична потрошувачка на јаглеводородно гориво.
- Ниско ниво на бучава.
- Со потребната инфраструктура за цепелините, човекот ќе има незабележително влијание врз животната средина.
- Можност за слетување без потреба од екипаж на земјата; слетување на мали површини, вклучувајќи покриви на високи згради и хотели во градски центри и технолошки паркови.
- Можност за паркирање со систем на „закотвување“ во стационарна положба при истовар-утовар.
- Можност за слетување на вода.
Проектот „Цепелини од новата генерација“ се финансира преку крудинвестирање (односно колективни инвестиции). Ова значи дека секое полнолетно лице од која и да било земја, освен земјите со ограничени инвестиции, може да учествува во проектот, да инвестира во склад со своите можности и да стане косопственик на главната компанија со цел да заработува од сите нејзини идни комерцијални проекти.
Секој инвеститор во проектот добива инвестициски удели во компанијата SOLARGROUP, која е еден од коосновачите на главната компанија „АЕРОНОВА“ (со удел од 49%). Откако ќе заврши финансирањето на проектот, главната компанија ќе биде реорганизирана во акционерска компанија, а инвестициските удели ќе бидат заменети со акции во компанијата.
Секој инвеститор во проектот потпишува инвестициски договор, прилози кон договорот, како и сертификат на кој е наведено колку инвестициски удели поседува конкретно тој инвеститор. Овие документи можат да му бидат издадени во електронски и во печатен облик.
Малиот минимален износ на инвестирање, големата веројатност за заработка, како и законската заштита на инвестираните средства, го прават проектот привлечен дури и за лица што сакаат да инвестираат за првпат.
Планираната капитализација изнесува 1 милијарда долари.
Во проектот ќе има вкупно 1 милијарда акции. 500 милиони од нив ќе бидат распределени меѓу инвеститорите.
Половина од компанијата „АЕРОНОВА“ (49%) им припаѓа на инвеститорите (SOLARGROUP). 51% му припаѓа на тимот што го реализира проектот: компанијата ќе ги искористи овие пари за понатамошен развој.
Проектантското биро „АЕРОНОВА“ се наоѓа на следнава адреса: ул. Большая Академическая 5а, Москва (Русија).
Развојот на аеронаутиката беше прекинат пред околу 100 години. Сега има само мал број цепелини кои најчесто се користат за рекламирање и туризам. Благодарение на современите технологии, за нашите повеќенаменски воздухоплови ќе има голема побарувачка особено во тешко достапните и далечните региони.
Товарен и патнички транспорт: превоз на контејнери од врата до врата, превоз на габаритни и тешки товари во сите делови од светот, утовар и истовар во воздух.
Геологија: рударство, картографија, мониторинг на животна средина.
Индустрија за нафта и гас: транспорт на течен хелиум, опрема и екипаж.
Шумарство: интегриран еколошко прифатлив развој на тешко достапните шуми, гаснење пожари.
Вселена: транспорт на сателити, спасувачки мисии.
Туризам: повеќедневно крстарење околу светот, летови до Северниот пол во цепелини опремени со удобни кабини, концертни сали, ресторани и простории за рекреација.
Комуникации: пренос на информации со помош на стратосферски цепелини.
Специјални задачи: спасувачки мисии, мониторинг на урбана и природна средина.
Планираниот работен век е 10 до 20 години за транспортните цепелини, и до 25 години за туристичките цепелини.
Можно е да се произведат 10 до 20 цепелини годишно благодарение на изградените хангари.
Се очекува цепелините да излезат на пазарот за 1-2 години.
Цепелините сега главно се користат во туризмот бидејќи немаше потребна од нивна масовна употреба. Тие беа користени локално во текот на целиот 20 век и сѐ уште се во употреба.
Во зависност од нивната намена, во цепелините ќе се користат мотори со внатрешно согорување, електромотори и хибридни мотори.
Електромоторите на цепелините можат да се заменат со мотори дизајнирани од „Совелмаш“. Компанијата „Совелмаш“ е спремна да се вклучи во развојот на електромотори според изготвени технички спецификации.
Иновативните цепелини можат да се користат за најразлични задачи во разни области. Според тоа, клиентите кои би можеле да нарачаат вакви воздухоплови се компании што сакаат прилично да ја оптимизираат економијата и логистиката на својот бизнис, и да користат сосем нови можности за развој.
Активен интерес за нашите цепелини веќе пројавија големи државни и приватни организации.
Самиот принцип на создавање на потисна сила обезбедува стабилен престој во воздухот. А современите системи за управување и автоматизација обезбедуваат сигурно работење на сите компоненти и механизми на цепелините. Современите конструкциски материјали се поцврсти и посигурни од материјалите во минатото, и истовремено не се запаливи.
За реализација на проектот се потребни 100 милиони долари (во кои се вклучени надоместоците за препорака и трошоците за услугите поврзани со проектот).
За да се воспостави високопрофитабилен бизнис, треба да се завршат неколку основни задачи за кои е потребно финансирање:
- да се основа претпријатие за развој, сериско производство и одржување на цепелини;
- да се дизајнираат, изработат и сертифицираат неколку вида цепелини;
- да се отвори центар за обука на пилоти и техничари;
- да се воспостави сериско производство;
- да отвориме сопствена компанија за користење цепелини.
Во процесот на реализација на овие цели ќе се формира интелектуален и материјален имот во облик на површини, земјиште, згради, патенти и технологии со понатамошна капитализација.
Секое полнолетно лице од која и да било земја (освен земјите со ограничени инвестиции) може да учествува во проектот, да инвестира во склад со своите можности и да стане косопственик на главната компанија со цел да заработува од сите нејзини идни комерцијални проекти.
Се планира годишниот приход на компанијата да изнесува меѓу 350 и 370 милиони $.
Реализацијата на проектот вклучува 20 фази и фаза пред покренувањето (нулта фаза).
Цепелините се единствените превозни средства кои немаат ограничувања во поглед на патеките по кои можат да се движат!
Еден од четирите познати принципи на летање во современото воздухопловство кој има најголема енергетска ефикасност е аеростатскиот лет, кој важи и за цепелините. Не е потребна никаква енергија за создавање на аеростатски, односно Архимедов потисок, а за совладување на фронталниот отпор во текот на летот, потребна е релативно мала потрошувачка на енергија.
Цепелините од новата генерација имаат низа значајни предности во однос на воздухопловите потешки од воздухот (авионите и хеликоптерите):
- висока економска ефикасност,
- еколошка прифатливост (во однос на бучавата и емисии на CO2),
- никакви ограничувања на патеките по кои се движат,
- можност во иднина да летаат само со помош на сончева енергија.
Економски предности на цепелините:
- пониски транспортни трошоци (до 250% пониски од авионите, до 1.000% пониски од хеликоптерите),
- поголема носивост (70% поголема отколку авионите, 1.000% поголема од хеликоптерите),
- оптимална брзина (поголема од брзината на копнени и водни превозни средства),
- големо растојание на летање (интерконтинентални летови, летови околу светот и стратосферски летови),
- максимално времетраење (можат со месеци да останат во воздух без да слетаат, а во иднина и со години),
- ниски трошоци за инфраструктура (не се потребни аеродроми за полетување и за слетување).
Еколошки предности на цепелините:
- помала потрошувачка на гориво (за разлика од авионите, на цепелините не им е потребно гориво за да полетаат, се движат на обичен бензин и делумно на сончева енергија),
- безбеден потисен гас (хелиум за патничките, водород за стратосферските беспилотни цепелини, и сончева енергија),
- безбеден лет (не можат да се стрмоглават или катастрофално да се превртат),
- ниски нивоа на бучава и тресење (возењето е удобно за секого),
- помало влијание на инфраструктурата врз животната средина.
Освен тоа, современите цепелини се побезбедни и поудобни за повеќето луѓе.
Податоците за произведувачите се деловна тајна.
За фабрички тестирања не се потребни дозволи; сертифицираните цепелини добиваат дозвола за лет непосредно пред да полетаат, како што е случај и во лесното воздухопловство.
Да, може. Гасот може безбедно да се загрева и да се лади.
Цепелините ќе користат беспилотен систем од наш сопствен дизајн.
Повеќе информации за овој проект можете да прочитате и да погледнете на официјалните онлајн-канали на проектот.
Претплатете се за да бидете во тек со напредокот на проектот.