Кои компании го реализираат проектот?
Во реализацијата на проектот „Цепелини од новата генерација“ се вклучени неколку компании, при што секоја се фокусира на своето поле на работа.
„АЕРОНОВА“ е главната компанија, која е основана специјално за реализација на проектот. Таа се занимава со развој на цепелини и со изградба на хангари за цепелините; со сериско производство, примена и продажба на овие воздухоплови; и со обука на пилоти и техничари. Оваа компанија ќе остварува заработка од реализацијата на проектот, која ќе биде распределена меѓу коосновачите. Официјалната веб-страница на компанијата е.
Компанијата SOLARGROUP е IT-платформа која го олеснува инвестирањето, и која е коосновач на „АЕРОНОВА“. Оваа компанија го организира финансирањето на проектот „Цепелини од новата генерација“ преку колективно инвестирање. Во одговорностите на SOLARGROUP спаѓаат: маркетинг поддршка на колективното инвестирање, организирање на инвестициски систем во форма на бек-офис со функција за прифаќање на уплати, и изготвување на правна рамка. Компанијата има развиено современа IT-платформа за привлекување инвестиции на која се регистрирани повеќе од 500.000 од целиот свет. Оваа компанија веќе успешно привлече финансиски средства за проектот на Бирото „Совелмаш“, каде што веќе се дизајнираат современи електромотори, а инвеститорите се подготвуваат за исплата на своите први дивиденди. Официјалната веб-страница на компанијата е.