Како да се користат линковите за препорака?
Линкот за препорака е личен линк на партнерот на SOLARGROUP, што тој може да го сподели со други корисници на мрежата. Ако некој корисник го употреби Вашиот линк за препорака и се регистрира во бек-офисот, ќе стане клиент во првото ниво од Вашата партнерска структура. Ќе добивате надоместок за препорака од секоја инвестиција на овој клиент.
Испраќање на линкови за препорака
Списокот со Вашите готови линкови за препорака е достапен во бек-офисот, во делот „За партнери“ — „Алатки“, картичка „Линкови за препорака“.
Секој Ваш линк содржи код за препорака. Тоа е единствена комбинација од букви и броеви, која се генерира автоматски. Само партнерите кои имаат постигнато статус „Професионалец“ можат да направат промени во кодот за препорака.
Според зададените поставки, достапни Ви се линкови за препорака кои водат до страницата за регистрација, до веб-страницата на проектот „Моторите на Дујунов“, и други. Може да го копирате кој и да било од овие линкови и да му го испратите на лицето што сакате да го поканите во проектот. Наместо линк, може да испратите и QR код.
Креирање на нов линк за препорака
За да поканите корисник на страница која не е на списокот со готови линкови, може да креирате нов линк за препорака. Ова може да го направите во истиот дел „За партнери“ — „Алатки“.
• Кликнете на копчето „Нов линк“.
• Внесете ги податоците во прозорчето што ќе се отвори.
При пополнувањето на податоците, ќе можете да изберете на која страница ќе биде пренасочен корисникот на кого ќе му го испратите линкот.
Со помош на линковите за препорака можете не само да поканувате нови инвеститори во проектот туку и да заработувате од тоа. Благодарение на линковите, можете да ја следите статистиката за Вашата партнерска активност: колку кликнувања, регистрации, инвестиции се направени преку линкот, итн.