Најава или регистрација
Новости

Контрола на небото: „АЕРОНОВА“ создава сопствен „мозок“ за цепелини

22 April 2025
12

Нешто повеќе за проектот.

Во светот има само неколку компании кои развиваат софтвери за воздухоплови. И скоро да нема такви што развиваат системи за управување со цепелини. Затоа, наместо да чекаме некој друг да најде решение, почнавме да развиваме свој систем.

Софтверот за управување со цепелини е речиси готов и ќе биде тестиран во реални околности во рамките на нашиот прв проект, NOVA 01.

На што работиме:
• Далечински управувач (на лице место и од контролниот центар)
• Автоматско преземање на контролата во сите ситуации
• Целосна автономија: автопилот, лебдење, лет по маршрута, полетување, слетување, прицврстување

Но, најважно од сѐ е тоа што овој систем учи.
Со секој нов лет, ќе се собираат податоци за однесувањето на цепелинот, надворешните сили, услови, отстапувања и корекции.
Колку повеќе летови, толку попаметен и посигурен ќе станува системот.

За развојот на софтверот е одговорен нашиот инженерско-програмерски тим од талентирани стручњаци.

Со заеднички напори, создаваме универзална контролна платформа која во иднина ќе претставува основа за цела низа цепелини од различни класи и со различна намена.

Поддржете го проектот

Најава
Новости

Резултати од седмицата во проектот „Моторите на Дујунов“

20 April 2025
8

Новости за „Совелмаш“

Претпријатието набави нови машини кои се неопходни за изработка на производите на „Совелмаш“.

Беше формиран погон за обработка на гума, и во него беше поставена нова опрема.

Пристигна и CNC-машина за режење на запченици, што ќе овозможи изработка на сѐ што се однесува на запченици.

Опремата за лиење беше преместена на друго место, односно во погонот за сериско производство.

Во Москва пристигнаа регулатори (контролери) од Кина. Се прават подготовки да бидат испорачани во Бирото.

Во претпријатието пристигнаа двајца стручњаци: едниот е стручњак од Кина поставување и пуштање во функција на матрицата на механичката преса со единечна рачка, а другиот е техничар од Турција за машината за лиење под висок притисок. И двајцата веќе започнаа со својата работа.

При пуштањето во функција на машината за лиење, беше изработен првиот сериски производ: статор со интегриран погон за рачен електричен алат.

Тековни промоции

Крипто бонус: до 11 јуни, кога ќе ја надополните својата главна сметка со крипто валута во бек-офисот, ќе Ви вратиме до 15% од надополнетиот износ. Условите на промоцијата може да ги најдете овде.

Дознајте нешто повеќе за напредокот на проектот во делот „Новости“ во Вашиот бек-офис.

Други новости

Најава