Како партнерот може да работи со аналитика?
Аналитиката е неопходна за да можат партнерите да имаат увид во ефикасноста на нивните активности и да ја зголемат својата заработка. Информациите се достапни во бек-офисот, во делот „За партнери“ — „Аналитика“, или ако кликнете на следниов линк. Овој дел им е достапен само на корисниците кои имаат потпишано договор за партнерство.
Тој се состои од два оддела: „Статистика за сметката“ и „Статистика за структурата“.
Во одделот „Статистика за сметката“ се прикажани детални информации поврзани со надоместокот за препорака
Таму ќе може да ги видите следниве работи:
• предвидување за Вашите приходи доколку сите инвеститори во Вашата структура ги исплатат ратите во целост,
• Вашиот можен приход ако го достигнете највисокиот статус „Претседател“,
• износот на надоместокот за препорака за избраниот период,
• износот од реални продажби во Вашата структура за избраниот период,
• износот на продажби вклучувајќи ги и неотплатените пакети на рати.
Можете да ги видите податоците за сите нивоа на Вашата партнерска структура или посебно за секое ниво. Може да го изберете периодот за кој сакате да ја видите статистиката.
Има и графички приказ на надоместоците за препорака и на историјата на доделени износи. Во историјата на доделени износи, може да ги видите конкретните трансакции на партнерската сметка за избраниот период: ID на трансакцијата, датумот, времето, износот, од кого и за која уплата на пакетот е доделен тој износ.
Во одделот „Статистика за структурата“ се прикажани информации за Вашата партнерска структура за избраниот период
Таму ќе може да ги видите следниве работи:
• колку нови корисници се регистрирале во структурата,
• колку нови корисници инвестирале за прв пат,
• бројот на инвеститори кои извршиле второ или следно инвестирање и кои го зголемиле пакетот,
• бројот на продадени инвестициски пакети, во кои спаѓаат и пакети што ќе бидат отплаќани на рати и зголемени пакети.
Може да видите и додатни статистички податоци за клиентите од Вашата структура: нивното државјанство и партнерскиот статус, како и износот на купените пакети. Благодарение на овие информации, ќе дознаете кои клиенти од кои земји и со кои статуси активно инвестираат, каква е динамиката на активностите во различни периоди итн.
Искористете го делот „Аналитика“ за да заработите повеќе од Вашите партнерски активности.