Како можам да ја искористам опцијата наследство во бек-офисот?
Во бек-офисот, можете да му ги оставите некому во наследство Вашите инвестициски удели, парични средства и правата за управување со Вашиот профил.
Внимание! Постапката за наследство во бек-офисот подлежи на правилата и законите кои важат во Вашата земја на државјанство. Ако постапката за наследство се коси со регулативите во Вашата земја, законските прописи имаат предност во однос на постапката во бек-офисот.
Кој може да биде Ваш наследник?
Секој чии податоци ќе ги доставите може да стане Ваш наследник. Малолетно дете може да биде назначено како наследник; кога ќе стане полнолетно, тоа ќе има право на наследство.
Може да има еден или повеќе наследници. Ако има повеќе наследници, инвестициските удели и парични средства ќе бидат поделени пропорционално меѓу нив; правата за управување со профилот ќе му припаднат само на едно лице.
Што добива наследникот?
Тој ги наследува:
• Вашите документирани и недокументирани инвестициски удели,
• Вашите парични средства на главната и на партнерската сметка,
• Вашиот профил во бек-офисот, што ќе му овозможи да управува со профилот откако ќе го преземе наследството (вклучувајќи ја и отплатата на преостанатите рати, управувањето со партнерската структура, префрлањето и подигањето на средства).
Како можам да назначам наследник?
Може да назначите наследник кога сакате. Сè што Ви е потребно е да бидете регистрирани во бек-офисот на SOLARGROUP.
• Одете во Вашиот профил во бек-офисот.
Наведете ги податоците на лицето кое сакате да го назначите за Ваш наследник. Можете во кое и да било време да ги смените податоците, да отстраните или да додадете наследник. Ако има само еден наследник, сите Ваши инвестициски удели, паричните средства на Вашите сметки, како и правата за управување со профилот ќе бидат пренесени на негово име.
• Кога додавате уште еден или повеќе наследници, може да наведете точно колкав процент од Вашите удели и средства ќе биде пренесен на нив. Исто така, може конкретно да наведете на кој од Вашите наследници ќе му биде даден пристап до Вашиот кориснички профил.
Како се пренесуваат наследните права?
По некој настан кој со себе повлекува можност за наследување (смрт на оставителот), секој наследник мора да достави до техничката поддршка на SOLARGROUP барање и документи со кои го потврдува своето право на наследство:
— лична карта што одговара на онаа што била предадена претходно (ако има промена на податоците на личната карта, постапката за наследување ќе се разгледува на индивидуална основа)
— документ со кој се докажува правото на наследство (посмртница).
Наследникот мора да се регистрира и да се верифицира во бек-офисот на SOLARGROUP ако претходно не го сторил тоа.
По проверката на документацијата, инвестициските удели и паричните средства се пренесуваат на наследникот, при што сертификатите за поседување удели на Вашиот профил ќе бидат поништени.
Ако со техничката поддршка не контактираат сите наследници туку, на пример, само еден од три наследници кој има пристап до Вашиот кориснички профил, тој ќе ги наследи само парите и уделите кои му припаѓаат. Преостанатиот дел ќе биде резервиран во нашиот систем и ќе им биде проследен на другите наследници кога ќе го побараат.
Кога некој профил ќе биде пренесен на наследникот, нивниот профил ќе биде поврзан со Вашиот. Потоа, секојпат кога наследникот ќе сака да влезе во својот профил во бек-офисот, од него ќе биде побарано да избере на кој профил сака да се најави. Корисникот може да го ажурира наследениот профил како што сака, дури може и да го верифицира на свое име.
Сите прашања поврзани со наследството се решаваат на индивидуална основа заедно со техничката поддршка на SOLARGROUP.