SOLARGROUP

Кои се предностите на цепелините во споредба со другите начини на транспорт?

Цепелините се единствените превозни средства кои немаат ограничувања во поглед на патеките по кои можат да се движат!
Еден од четирите познати принципи на летање во современото воздухопловство кој има најголема енергетска ефикасност е аеростатскиот лет, кој важи и за цепелините. Не е потребна никаква енергија за создавање на аеростатски, односно Архимедов потисок, а за совладување на фронталниот отпор во текот на летот, потребна е релативно мала потрошувачка на енергија.
Цепелините од новата генерација имаат низа значајни предности во однос на воздухопловите потешки од воздухот (авионите и хеликоптерите):
- висока економска ефикасност,
- еколошка прифатливост (во однос на бучавата и емисии на CO2),
- никакви ограничувања на патеките по кои се движат,
- можност во иднина да летаат само со помош на сончева енергија.
Економски предности на цепелините:
- пониски транспортни трошоци (до 250% пониски од авионите, до 1.000% пониски од хеликоптерите),
- поголема носивост (70% поголема отколку авионите, 1.000% поголема од хеликоптерите),
- оптимална брзина (поголема од брзината на копнени и водни превозни средства),
- големо растојание на летање (интерконтинентални летови, летови околу светот и стратосферски летови),
- максимално времетраење (можат со месеци да останат во воздух без да слетаат, а во иднина и со години),
- ниски трошоци за инфраструктура (не се потребни аеродроми за полетување и за слетување).

Еколошки предности на цепелините:
- помала потрошувачка на гориво (за разлика од авионите, на цепелините не им е потребно гориво за да полетаат, се движат на обичен бензин и делумно на сончева енергија),
- безбеден потисен гас (хелиум за патничките, водород за стратосферските беспилотни цепелини, и сончева енергија),
- безбеден лет (не можат да се стрмоглават или катастрофално да се превртат),
- ниски нивоа на бучава и тресење (возењето е удобно за секого),
- помало влијание на инфраструктурата врз животната средина.

Освен тоа, современите цепелини се побезбедни и поудобни за повеќето луѓе.