SOLARGROUP

Каква е постапката за добивање акции за инвеститорите во проектот „Моторите на Дујунов“?

Пред да пополните барање за добивање акции, мора да ги направите следниве чекори.

• Да се верифицирате или да проверите дали ги имате ставено Вашите најнови податоци доколку сте се верифицирале претходно.
• Да го потврдите Вашиот имејл или телефонски број.
• Да ги потпишете сите документи.

Упатства за верификација.

Поднесувањето на барање за добивање акции се врши во неколку чекори.


Чекор 1. Пополнете ги податоците од потребните документи, и прикачете ги самите документи. Списокот на потребни документи за граѓаните на Вашата земја е достапен на целната страница.

Чекор 2. Одредете кој ќе управува со Вашите идни акции во компанијата: дали Вие или компанијата SOLARGROUP. Може да ги искористите и двете методи, и да го поделите управувањето.

Препорачуваме најпрво да ги прочитате упатствата со објаснувања. Може да ја промените Вашата одлука во иднина, пред да биде завршено финансирањето.

Чекор 3. Поднесете барање за добивање акции. Ќе го разгледаме и ќе донесеме одлука. Ако сите документи се одобрени по проверката, статусот на барањето ќе се промени од „Се разгледува“ во „Одобрено“. Ако се потребни исправки, статусот на барањето ќе се промени во „Одбиено“.

За оние што отплаќаат пакети на рати

Сега може да располагате само со инвестициските удели кои веќе сте ги платиле и кои Ви се доделени. Со инвестициските удели кои ќе ги добиете во иднина автоматски ќе управува SOLARGROUP. Доколку сакате, ќе имате можност да направите промена во начинот на управување со акциите во бек-офисот до крајот на финансирањето на проектот „Моторите на Дујунов“.